За да ја обработиме успешно Вашата нарачка потребни ни се Вашето име и презиме, адреса, e-mail и телефон. Со помош на тие податоци ќе бидеме во можност да Ви ја доставиме посакуваната стока, како и да Ве известиме за моментниот статус на нарачката.
Доколку сакате да го користите сервисот e-mail-новости, потребна ни е Вашата e-mail адреса. Доколку не сакате да примате известувања од тој вид, можете да се испишете во секој момент и Вашата e-mail адреса ќе биде избришана.
Освен наведените, собираме, анализираме и обработуваме податоци за производите што ги бараат и ги купуваат посетителите, како и за странците што нè посетуваат. Тие податоци ги користиме за да ги подобриме понудата и изгледот на нашите страници и за да Ви овозможиме поедноставно користење, посигурно и попријатно купување.
Се обврзуваме на тоа собраните податоци да не ги користиме за никакви други цели.