Регистрација
За да можете да ги нарачате производите неопходно е да се регистрирате. Регистрацијата ја вршите со пополнување на формуларот којшто се наоѓа тука. Изберете артикал Кога ќе го пронајдете производот што сакате да го нарачате, кликнете на неговата сликичка или на името покрај сликичката за да влезете на страницата со подробен приказ.
Dodaj u korpu
Na strani sa detaljnim prikazom kliknite dugme 'Dodaj u korpu' da biste ubacili proizvod u svoju korpu za kupovinu.
Внеси во кошница
На страницата со подробен приказ кликнете на копчето „Внеси во кошница“ за да го внесете производот во својата кошница за купување.
Содржина на кошницата
Ќе Ви се покаже страницата со содржината на кошницата. Доколку сакате во кошницата да внесете уште производи, тогаш кликнете на копчето „Продолжи со купување“. Кога во Вашата кошница ќе се наоѓаат сите производи што сакате да ги купите, кликнете на копчето „Плаќање“.
Информации за доставата
Ќе Ви се покаже формулар со Информации за доставата. Тука можете да изберете од Вашиот Адресар каде сакате да биде доставена стоката. Тука можете да внесете и Коментар во врска со Вашата нарачка. Штом ќе го направите тоа, кликнете на копчето „Продолжи со купување“ и продолжете натаму кон Касата за да го изберете начинот на плаќање.
Информации за Плаќањето
Ќе Ви се покаже страницата со Информации за плаќањето. Ве молиме изберете го начинот на плаќање што сакате да го користите за оваа нарачка. Начините на плаќање што Ви се на располагање се: Плаќање при преземање и Безготовинско плаќање со вирман (Одложено). Кога ќе го направите тоа кликнете на копчето „Продолжи“ и продолжете натаму кон Касата за да ја потврдите нарачката.
Потврда на нарачката Ќе Ви се покаже страницата со информации за Адресата за достава, како и за Начинот на плаќање што го избравте. Потребно е да ги проверите сите податоци за нарачката и да потврдите дека сте согласни со условите на користење. Потоа кликнете го копчето „Ја потврдувам нарачката“ за да го завршите нарачувањето.
Успешно примена нарачка!
По потврдувањето на нарачката ќе ја видите страницата со пораката дека вашата нарачка е успешно примена и дека можете да ја отпечатите и да ја сочувате.
|