|
Една книга за “прахристијанско верско исцелување” - значи, книга за луѓе на кои им е до нивното здравје? Не само тоа! Книга, која секому му објаснува за што се зборува во животот.
Кого не го интересира тоа, кој туку-така мисли дека човековиот живот е тука токму за да се живее и дека со смртта и онака сè би минало, тој може оваа книга да ја стави настрана и да го прави она коешто за него е вредно за живеење во ова време, или да го чита она коешто го смета вредно за читање.
Но, кому му е до тоа своите земски денови да ги исполни со добра смисла, своето време да го користи, со самиот себе и со своите ближни да дојде на чисто и во усогласеност, значи во едно мирољубиво, активно еден-со-друг и еден-за-друг, кој сака да доживее среќа и над тоа, - да Му се приближи на Бога и на своето сопствено правечно битие, да ја осети постојаноста и заштитеноста во сопственото внатрешно и да ја искуси силата којашто лежи во еден вистински позитивно насочен живот, во оваа книга тој пронаоѓа една непроценлива помош. Ако тоа што го прифаќа од зборовите на пророчицата и гласничка Божја, Габриеле, допушти да стане плодоносно во своето секојдневје, тој не само што низ својот земски живот ќе оди послободен и помирољубив, поздрав и посреќен, туку нема ниту на неговиот крај да се најде во фаталната ситуација којашто е обележана од горчливото “предоцна”. Имено - во јасното сознание, кое нам ни се дарува во тие минути на осврнување назад - тој не ќе мора да рече: “Само да ги користев скапоцените земски денови! Толку многу добри шанси залудно потрошив, затоа што не бев свесен - или не внимавав - за што, всушност, станува збор. Ах, а би можел уште еднаш сè да направам подобро!”
За што, всушност, станува збор. Габриеле ни го кажува тоа во оваа книга секогаш и секогаш повторно, го осветлува од најразлични перспективи, нè освестува за духовните меѓузавис- ности, дава помош, совет, охрабрување и водство, му се обраќа како на нашиот разум, така и на нашето срце, прави во нас да зазвучи еднаш оваа, еднаш онаа струна со бескрајно трпение за најпосле да можеме да сфатиме и, пред сè, да можеме да го направиме чекорот од голото препознавање до дејствувањето.
Многу темелни искази во оваа книга не се нови; Исус од Назарет уште пред 2000 години поучуваше за патот којшто води во слобода, во мир и во среќа, кон животна свежина, кон здравјето и до внатрешно богатство. Овој пат може да се најде во едноставните животни правила на Беседата на Гората, кои покажуваат како ние луѓето треба да ги применуваме веќе поодамна познатите Десет Божји Заповеди. Но внатрешната религија, за која Исус поучуваше и како пример за нас ја живееше, се задуши во ритуалите и формите на една понадворешнета Црква. Вистина, се проповедаше за речта Божја и за поуките Исусови, меѓутоа не се постапуваше во смисла на нив. Значи, црковните овци, кои следеа црковни властодршци, се задоволуваа со слушањето на Речта – но, да постапуваат според неа, тоа им се чинеше помалку важно. Силата на Христос Божји, која Тој при Својата жртва на Голгота ја нурна во секое срце, остана претежно неискористена - се препушти само на верување, кое верување останува мртва вера доколку преку извршување не стане вера на дејствување, која душата и човекот ги прави слободни.
Сега Бог, Таткото на сите нас, од Својата добрина и грижливост од Својата светлина испрати во ова мрачно време на Земјата еден гласник, преку кого Тој одново ни повикува во свеста “за што, всушност, се работи”. ТОЈ ни ја подари нам Својата реч во безброј објави и Тој нè поучува за патот назад кај Него, за патот во еден живот во Духот Божји, кој ни го донесува спасот за душата и, исто така, можноста за излекување на телото. Габриеле, пророчицата-учителка Божја, која не само што ја дава Неговата непосредна реч во божествени објави, туку како Негова гласничка и Неговата “посредна реч”, нè познава многу добро нас луѓето и нашето премногу човечко. Таа знае дека нашите од нас воведени, “закоравени” мостри на мислење и на однесување се тврдоглави и истрајни. Само кај оној кој во главата веќе го сфатил, “она за коешто се работи” тие мораат секогаш повторно да бидат боднати од различни агли на гледање за постепено да му ослободат простор на едно ново мислење, од коешто полека може да се изгради ново однесување и врз основа на него животот на човекот може сè повеќе и повеќе да се обликува кон позитивно.
Тоа доаѓа до израз во оваа книга, во којашто Габриеле со нејзините зборови на мудроста нам ни го приближува тоа што само може да помогне во неволја, нужда, болест и страдање: да се отвориме себеси за Духот Божји, изворот на силата во нас.
А како се отвораме ние за Него, така што Неговата струја на љубов да дојде до течење во нас? Токму тоа е главната цел на оваа книга. Кој сака, значи, нека чита и од тоа што го чита нека го прифати она што сака. Што може тоа да му донесе, тоа ќе го искуси, ако го чини тоа.
Луѓето кои се стремат кон космичката свест, Бога, се чувствуваат поврзани со сите луѓе, зашто сите се во универзалниот Дух браќа и сестри. Ние им пожелуваме на сите читатели на оваа книга за себе да го постигнат тоа што Габриеле го положи во зборовите. За некои тоа може навистина да биде спасоносно за животот.
Обем на книгата: 172 страници. Џепно издание
корица во боја, пластифицирана
формат 10,5 x 14,8 cm
Цена : 50 ден.
Број за нарачка: Ѕ330mk
|